1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Арктички студ ги „замрзна“ САД и Канада

Милиони луѓе во САД и Канада се загрозени поради поларниот студ кој зафати делови од овие земји. Метеоролозите предупредуваат дека ниските температури, кои се спуштаат и до минус 51 степен Целзиус, се опасни по живот.

Милиони луѓе во САД се подготвуваат за новиот бран арктички студ кој веќе ги спушти температурите на најниското ниво во последните 20 години. Североистокот на САД и делови од Канада се погодени од големи снежни наноси и смртоносно ниски температури од почетокот на годинава, но големиот студ сега се движи во правец на американскиот среден запад, а им се заканува и на, вообичаено, топли краеви како Тенеси и Алабама.

Поларниот ветер кој го придружува невремето на некои места ја спушта температурата и до минус 51 степен Целзиус, поради што властите во повеќе градови ги предупредија граѓаните да останат во своите домови и да си направат залихи од храна. Незаштитена кожа при такви температури може да замрзне за само пет минути, предупредуваат докторите.

Националната метеоролошка служба ги опишува временските услови како „опасни по живот“.

„Во комбинација со силни ветришта, овие температури можат да доведат до ниски температури кои се опасни по живот. Се очекуваат и големи снежни наноси од Источните рамнини до Големите езера“, се наведува во соопштението на метеоролозите.

Wetter Kälte Detroit USA

Последици од невремето во Детроит

Илјадници летови од големите меѓународни аеродроми во Чикаго и Њујорк се одложени или откажани. Најлошото време се очекува во државите Минесота и Северна Дакота. Тамошните гувернери веќе најавија дека денеска ќе бидат затворени училиштата. На источниот брег се очекува и појава на леден дожд.

Точниот број на жртви од невремето се уште не е познат, но се претпоставува дека повеќе десетици луѓе досега ги загубиле животите. Меѓу нив и еден работник врз кого се урнала кула од индустриска сол која требало да се фрли на патиштата. Во Колорадо се урна мал патнички авион веднаш при слетувањето на пистата, но засега нема дефинитивна потврда дали несреќата е предизвикана од временските услови.