Арифи и Пангалос разговараа за ЕУ и регионот | Македонија | DW | 25.01.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Арифи и Пангалос разговараа за ЕУ и регионот

Грција ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, рекол грчкиот вицепремиер Теодорос Пангалос на средбата со македонскиот вицепремиер Теута Арифи во Атина. Арифи носеше и писмо од Груевски.

default

Теодорос Пангалос и Теута Арифи денеска во Атина

Македонскиот Секретаријат за европски прашања, соопшти дека Арифи на средбата денеска (25.01) ги презентирала активностите и реформите кои се спроведуваат во Македонија во насока на исполнување на критериумите за членство во ЕУ. Двајцата разговарале и за можностите за унапредување на соработката во делот на искористувањето на фондовите од компонентата за прекугранична соработка во рамки на Инструментот за претпристапна помош – ИПА, како и за унапредување на регионалната соработка. За време на средбата станало збор и за Охридскиот рамковен договор, при што Арифи искажала задоволство од целите кои се постигнаа со неговата имплементација.

„Вицепремиерот Пангалос нагласи дека Грција ја поддржува европската

перспектива на земјите од Западен Балкан. Двајцата соговорници упатија повик до бизнис заедниците на двете земји за подобрување и зајакнување на економската соработка“, соопштуваат од СЕП.

Денешната средба во Атина се одржа по иницијатива на Арифи. Tаа на Пангалос му предаде и писмо на македoнскиот премиер Никола Груевски до неговиот грчки колега Лукас Пападимос за одржување средба што е можно побрзо. Груевски во писмото вели дека, во име на добрососедските односи, треба да се одржи средба меѓу него и Пападимос. Македонскиот премиер изразува уверување дека една таква средба ќе претставува силен стимул и позитивен моментум за разговорите за прашањето за името, кои заедно со позитивната одлука и препорака на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, според Груевски, би биле и дел од заокружувањето на прашањата и решенијата во контекст на европските и евроатлантските интеграции.

Автор: ЖА/ЕМФ/макфакс/миа

Редактор: А. Трајковска