1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Арифи и‘ нуди соработка на Грција

Македонската вицепремиерка за европски прашања Теута Арифи очекува реален извештај и добра оценка од ЕК, таа испратила писмо до грчкиот заменик премиер Теодорос Пангалос за соработка.

default

Теута Арифи

„Очекувам извештајот од Европската комисија за напредокот на Македонија да биде реален, со некоја добра средна оценка, изјави вицепремиерката за европски прашања Теута Арифи, по денешната средба со косовскиот амбасадор во Скопје Скендер Дурмиши.

Таа информира дека до надлежните во ЕК се доставени одговорите на сите прашања и задачи што го доби Македонија во пресрет на објавувањето на извештајот. 

„Мислам дека има причина да бидеме задоволни и ние и Брисел од сработеното“, оцени Арифи, посочувајќи оти за тоа ќе стане збор и за време на посетата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе на Македонија на 5 септември.

Писмо до Пангалос

Вицепремиерката за европски прашања испратила писмо до грчкиот заменик премиер Теодорос Пангалос, во кое, како што наведе, се содржани добри намери и идеи за соработка.

Прашана дали албанскиот фактор врши притисок за брзо решавање на спорот за името во пресрет на претстојната посета на македонската дегелација на Њујорк на Генералното собрание на ОН, каде не е исклучено да дојде до средба меѓу македонскиот и грчкиот премиер, Арифи потенцира дека не вршат притисок туку даваат максимален придонес да има не само решение за спорот, туку и да се забрзаат што повеќе евроатланските интеграции.

Der ehemaligen Grieschischen Aussenminister Theodoros Pangalos

Теодорос Пангалос

Таа смета дека безбедноста на Македонија и на регионот не е загрозена. „Во принцип мислам дека безбедноста на Македонија не се доведува во прашање. Мислам дека стабилноста на регионот, вклучувајќи ја и стабилноста на Косово и на другите делови од регионот е значајна. Се надеваме и би сакале на секој начин да дадеме придонес за стабилни односи во регионот преку една регионална отворена соработка со сите земји“, рече Арифи.

Давањето поттик на регионалната соработка и надминувањето на предрасудите е единствениот клуч за европските решенија во регионот, нагласи вицепремиерката.

Пополнување на местото на Соренсен

Арифи очекува што побрзо да биде потполнето и местото на евроамбасадорот Питер Соренсен, кој замина на нова должност во Босна и Херцеговина. 

„Како земја не можеме ниту да се мешаме, ниту да налагаме, ниту да укажуваме на внатрешната политика на Европската унија во однос на амбасадорите, но очекуваме и сакаме што побрзо да го видиме местото исполнето со амбасадор“, истакна Арифи. 

            

Автор: ЖА/БГ/миа

Редактор: Борис Георгиевски