1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Арифи: Избори во тензична ситуација не решаваат ништо

Лидерите на владината коалиција Никола Груевски и Али Ахмети синоќа (01.02) не постигнале договор околу моделите за надминување на политичката криза во Македонија.

default

Груевски и Ахмети ја разгледале и опцијата за предвремени избори, но за ДУИ е приоритет враќањето на опозицијата и создавање дијалог за надминување на отворените прашања.

„Македонија се наоѓа во политичка криза, кога опозицијата не ви е во Парлементот, кога една од главните телевизии емитува вести на отворено, на минус десет степени... Разврската на таквите политички кризи е исклучиво преку дијалог, значи мора да се седне со опозицијата, да се праша кои се нивните политички барања и секако да се најде компромисен договор кој и неја ќе ја врати во Собранието, а секако и новинарите ќе ги врати таму каде што им е местото, во телевизијата“, изјави синоќа Теута Арифи, потпредседател на ДУИ.

Таа во интервју за ДВ кажа дека според ДУИ, прво треба да се реши спорот со името, а потоа да има избори. Избори во тензична ситуација, со куп нерешени прашања, според Арифи, само би донесле тензични избори, а ништо не би се решило од главните прашања во државата.

Автор: Александар Чомовски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска