1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Аргентина парализирана од генерален штрајк

Народот долго трпеш, но чашата очигледно е прелеана. Милиони луѓе ја прекинаа работата за да протестираат меѓу другото и поради високите даноци во државата.

Првпат по повеќе од десет години големи делови од Аргентина беа делумно парализирани од општ штрајк.

Дел од аргентинските синдикати го мобилизираа своето членство на генерален штрајк поради, според нивно убедување, превисоки даноци. Јавниот сообраќај во најголем дел беше парализиран, а сите авионски летови кон странство беа откажани. Повеќе главни улици во Буенос Аирес беа блокирани, а банките и јавните установи останаа затворени. Синдикатите протестираат поради тоа што платите веќе од околу илјада евра се оданочуваат со стапка до 25 проценти. Работниците бараат пред се‘ и социјално и здравствено осигурување, како и јакнење на правата на пензионерите и укинување на данокот од личен доход за оние со мали примања.

Ова беше прв генерален штрајк во Аргентина во време на владата на претседателката Кристина де Кирхнер, која на власт дојде во 2007. година. На широкиот слој на средната класа во земјата му е веќе преку глава од корупцијата, обезвреднувањето на парите и криминалитетот. Синдикатите блиски на владата пак не го прифатија 24-часовниот генерален штрајк, меѓу нив се организациите на наставниците и на металските работници.