1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Арбен Џафери во тешка здравствена состојба

Поранешниот лидер на ДПА и почесен претседател на Генералното собрание на партијата, Арбен Џафери, бил пронајден вчера во состојба на кома во неговиот стан во Тетово, потврдуваат за Дојче веле од партијата на Џафери.

default

64-годишниот Арбен Џафери вчера вечер доживеа мозочен удар и откако многу му се влошила здравсвената спстпојба е префрлен итно на лекување во Клиничкиот центар во Скопје, поотврди пред малку за Дојче веле портпаролот на ДПА Агон Ферати.

Дел од функционерите од ДПА изразија изненаденост поради влошувањето на здравствената состојба на Џафери, откако информацијата ја добија од Дојче веле. Зијади Села, пратеник од ДПА, изрази зачуденост за здравствената состојба на Џафери. „Пред 36 часа бевме заедно и не знам како ова се случило“, изјави тој.

Онлајн изданието на весникот Коха објави дека Џафери бил пронајден во тешка задравствена состојба во стан во центaрот на Тетово. По дадена првата медицинска помош во Клиничкиот центар во Скопје, лекарите прават се' за да го спасат Џафери, но неговиот живот се' уште е во опасност.

Арбен Џафери боледувапше од Паркинсонова болест, што беше и причина за негово повлекување од политичката сцена. Цели 12 години Џефири беше на чело на ДПА, а од 2007-ма година на чело на партијата застана Мендух Тачи. Арбен Џафери е претседател на Централното собрсание на ДПА и е еден од дитрекнтните креатори на партиската политика, заедно со лидерот Тачи.

Џафери е роден во Тетово на 24 јануари 1948 година. Тој има завршено Филозофски факултет. До 1990 Џафери работеше за радио и телевизиските станици во Приштина, Косово како главен уредник на Културната програма. Џафери беше претседател на ПДП во Македонија од 18 април 1995, а потоа и лидер на Демократската партија на Албанците до 2007 година. На вторите парламентарни избори во Македонија беше избран како независен пратеник (1994), а потоа како пратеник на ДПА. Познат е по своите контроверзни и радикални изјави за државното уредување и правата на Албанците во Македонија.