1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Арафат во болничка постела

Здравствената ситуација на палестинскиот претседател Јасер Арафат очигледно драматично е влошена. Тим лекари во неговото седиште во Рамалах се борат за животот на 75-годишниот Арафат, јавуваат од синоќа израелските медиуми.

Повремено тој бил во бесознание и бил враќан во свесна состојба. Палестинкото раководство од синоќа е во Рамалах, а извешатите според кои Арафат со декрет веќе именувал тричлен комитет, подоцна беа демантирани. Синоќа врвните палестински политичари итаа во галвното седиште на Арафат каде што веќе се беа собрале неколку стотици негови приврзеници. Информациите за здравствената состојба на 75-годишниот Арафат се претркуваа и беа различни. Еден негов соработник изјави дека е многу, многу болен и дека на интервали ја губи свеста. Дали тоа може да значи дека е смртно болен, за тоа кружат спротивни информации. Најблискиот советник на Арафат, Набил Абу Рудеине синоќа на новинарите им изјави дека состојбата на Арафат се стабилизирала и оти му требаат лекарска контрола и мир. Наводно пирмал и инфузија.

Израелските медиуми пак, шпекулрираат дека палестиснкиот водач можеби претрпел мозочен удар. Синоќа, инаку во неговиот штаб пристигна болнички автомобил и повеќе лекари, некои од Тунис и Јордан кои го презеле лекувањето. Денеска се очекува да пристигнат нови, меѓу нив и Американски, а се очекува од Париз да пристигне и неговата сопруга Суха со малата ќерка. Од кругови на израелската влада се вели дека Арафат слободно може да биде пренесен во која и да е болница по негов избор без оглед каде во светот. Друго прашање е дали потоа ќе му биде дозволено да се врати во Рамалах. Портпаролот на израелската влада Ранан Гисин изјави дека премиерот Шарон случајот го третира како хуманитарен и вети секаква потребна помош. Кај Арафат неколку часа беа палестинскиот премиер Ахмед Куреи и неговиот претходник Махмуд Абас. Потоа беше соопштено дека не дале никаква изјава. Според непотврдени информации Арафат наводно именувал тричлен вонреден комитет кој треба преодно да ги преземе неговите функции. Прашањето за наследство на Арафат останува отворено зашто тој никогаш не подготвувал свој наследник. Тој има три важни функции: претседател на автономните власти, шеф на ПЛО и го води движењето Фатах. Исклучено е сите три да ги преземе еден човек, додека најверојатна варијанта е различни личности да преземат по една од овие функции.