1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Арапскиот свет во фокусот

Интернационалниот фестивал за литература во Берлин, кој се одржува од 9 до 20 септември, ја прикажува литературната разноликост на различните култури. Присутни се повеќе од 200 автори. Главна тема е арапскиот свет.

default

Логото на фестивалот

Секако дека на фестивалот доаѓаат и германски автори, но тие чинат најмногу третина од учесниците на литературниот фестивал во Берлин. Другите писатели доаѓаат од сите делови на светот. Освен тоа, како што нагласува раководителот Улрих Шрајбер, ова е и очигледно политички фестивал.

Триесет и осум манифестации за „Арапскиот свет“

Меѓународната и политичка насока на Интернационалниот фестивал за литература се покажува во тежишната тема - „Арапски свет“. Организаторите со тоа избраа една културна сфера за која полтички многу и жешко се дискутира, но во Германија е релативно непозната.

Youssef Ziedan

Авторот Јусеф Зидан, добитник на „Меѓународната награда за арапска проза“

На арапската литература се посветени 38 манифестации . Меѓу останатите е и литературното читање со Еѓипќанецот Јусеф Зидан, кој оваа година ја доби „Меѓународната награда за арапска проза“. Во неговиот одличен роман „Азазил“,тој се соочува со насилството и нетолеранцијата на младата христијанска црква во 5-тиот век. „Да пишуваш научни и литературни дела – тоа се два слични процеса. Мислев и се‘ уште мислам дека за пишувањето на романите е потребно енормно знаење. Ако се немаат основни познавања, тогаш не треба да се почнува со пишување роман – без разлика колку и да е талентиран авторот“, вели 51-годишниот Јусеф Зидан, кој долги години се занимавал со арапско-исламистичката историја.

Која е улогата на наградите за литература?

Светот на литературата, на интернационалниот фестивал, исцрпно се занимава и со себе си. На пример, во програмата наречена „Кој одлучува што да читаме?“ во делот под име „Рефлексии“, литературната критичарка Сигрид Лефлер дискутира со шведската авторка Кристина

Nadine Gordimer

И нобеловката Надине Гордимер меѓу присутните

Лугн, која исто така е член на комитетот за доделување на Нобеловата награда и со каталонскиот автор Енрике Вила-Матас за улогата на наградите за литература.

Еден така голем фестивал како Интернационалниот фестивал за литература не би можел да функционира ако во програмата има само неоткриени таленти. И литературните фестивали не можат без ѕвезди. Фестивалот ја донесе на сцената нобеловката Надине Гордимер, како и ирскиот автор на бестселери Колум Мек Кен и Британецот Ханиф Куреиши. Од истакнатите германски автори, во програмата се застапени Волф Бирман, Јудит Херман, Алис Шварцер и Зигфрид Ленц.

Автор: Хајнер Кизел / Калид Ел Каоутит / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска