1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Арапската лига се заканува со санкции за Сирија

Режимот во Дамаск има рок до утре да прифати меѓународни набљудувачи во земјата, порача заедницата на арапски држави.

default

Министрите за надворешни работи на Арапската лига одлучија да се обратат до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун за да го повикаат да ги поддржи нивните напори за решавање на кризата во Сирија.

На Дамаск му е даден рок до утре да го потпише договорот со кој се предвидува испраќање набљудувачи во државата. Во спротивно, на Сирија ќе и бидат воведени санкции.

Арапската лига одлучи на 16 ноември да ја исклучи Сирија од членство како одговор на репресиите на режимот на Башар Асад против демонстрантите.

Во судири меѓу демонстранти и сириски војници и престрелки меѓу дезертери и воени единици во Сирија вчера загинаа 32 луѓе, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човекови права.

Автор: БГ/миа/афп

Редактор: Симе Недевски