1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Арапската лига расправа за санкциите против Сирија

Министрите за надворешни работи на Арапската лига денеска во египетскиот главен град Каиро ќе ги договараат санкциите против Сирија.

default

Срдба на шефовите на дипломатии на Арапската лига

На средбата на шефовите на дипломатии на земјите-членки на заедницата на арапски држави во Каиро ќе се разговара и ќе се гласа за планираното запирање на сите финансиски и трговски зделки со сириските власти на чело со претседателот Башир ал Асад, како и за замрзнување на нивните банкарски сметки. Покрај тоа треба да стане збор и за забраната за патување во арапските земји на високи претставници на сириското раководство и за стопирање на сите патнички и транспортни летови кон Сирија. Изземени од санкциите треба да бидат само прехранбените производи и медицинските средства наменети за населението во Сирија. За да бидат прифатени овие казнени мерки, за нив мора да гласаат две третини од 22 земји-членки на Арапската лига.

Властите во Дамаск во петокот (25.11.2011) го отфрлија и вториот ултиматум од Арапската лига да го запрат насилството врз цивилното население и да започнат преговори со опозицијата. Режимот на претседателот Башир Ал Асад со месеци наназад употребува насилство против демонстрантите и опозицијата во земјата. Според наводи на Обединетите нации, од почетокот на безредијата во Сирија се убиени повеќе од 3500 лица.

Автор:СН/ЖА/дпа/ртр/дв

Редактор: Ж. Ацеска