1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Арапската лига планира зајакнување на мисијата во Сирија

Арапската лига се изјасни за зајакнување на својата набљудувачка мисија во Сирија и за поголема независност на набљудувачите во движењето низ населените места. Арапската лига побара и итен прекин на насилствата во Сирија

default

Арапската лига бара независност на набљудувачите и прекин на насилствата во Сирија

Според оценките на Лигата, владата во Дамаск одржала дел од своите ветувања-дека ќе прекине со употребата на сила против опозицијата во земјата, ќе ги ослободи политичките затвореници и ќе ја повлече војската од градовите. Поради тоа Арапската лига смета дека не е неопходно да побара помош од ОН како засилување за својата мисија во Сирија. Сегашниот број од 165 набљудувачи на Лигата ќе биде зголемен.

Демократското движење на Сирија повторно ја критикуваше набљудувачката мисија на Арапската лига како плашт зад кој претседателот Башар ел Асад ги задушува протестите. Наместо да запре насилството со доаѓањето на набљудувачите тоа и натаму продолжува, тврди опозицијата. ОН проценуваат дека во демонстрациите против сирискиот режим загинале повеќе од 5 илјади луѓе.

Автор: ЖА/ AT/ дв/ дпа

Редактор: Борис Георгиевски