1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Арапската лига е неединствена околу Сирија

Во Багдад заврши првиот самит на Арапската лига одржан по Арапската пролет. Се зборуваше за пресвртот во регионот, а во фокусот беше Сирија.

Самитот на Арапската лига е прв што се одржува во Ирак по повеќе од 20 години. Поради страв од напади, тој се одржа во херметички затворената Зелена зона во главниот град на Ирак, под силни мерки за безбедност во целиот град. Сепак, на отворањето се слушнаа две експлозии, напади со гранати во близина на центарот кадешто се одржуваше собирот. Експлозиите го потврдија ставот на оние државници кои во Багдад не допатуваа поради безбедносни причини. Од 22 земји, допатуваа само 10 лидери, а останатите кралеви и претседатели на самитот ги испратија своите министри или амбасадори. Сите учесници зборуваа за состојбите во Сомалија и Јемен, за револуционерните земји Тунис, Египет и Либија, но и за односот на Израел и Палестинците и, се разбира, за состојбата во Сирија.

На прес-конференцијата по самитот, генералниот секретар на Арапската лига Набил ал-Араби го повика сирискиот претседател Башар ал-Асад да го спроведе мировниот план на Кофи Анан веднаш и сериозно. Планот од шест точки на специјалниот пратеник на ОН и на Арапската лига предвидува, меѓу другото, ослободување на сите политички затвореници и прекин на огнот под надзор на ОН.

Irak Gipfel Arabische Liga in Bagdad Emir von Kuwait

Само емирот од Кувајт, шеикот Сабах ал-Ахмед ал-Сабах, недвосмислено побара од режимот во Сирија „да прекине со примена на насилство против својот народ“

Набил ал-Араби со тоа го потврди она што како став го застапуваат повеќето учесници на самитот, како ирачкиот претседател Џалал Талабани: „Тоа што Сирија ја нема на овој самит не значи дека нашата загриженост за она што се случува во нашата братска земја е намалена. Нагласуваме дека отфрламе убивање и крвопролевање и го повторуваме барањето за мирно решение на кризата. Бараме да се почитува желбата на Сиријците да се одлучат за систем по демократски пат и без мешање од надвор.“ Само емирот од Кувајт, шеикот Сабах ал-Ахмед ал-Сабах, недвосмислено побара од режимот во Сирија „да прекине со примена на насилство против својот народ“.

Лидерите на земјите членки на Арапската лига и нивните пратеници во Багдад не постигнаа согласност околу заедничка стратегија за решение на конфликтот во Сирија. Двете страни - застапниците и противниците на остри мерки против режимот на Асад се неединствени. Тоа е и една од причините, покрај безбедноста, што многумина монарси од заливските држави, како од Саудиска Арабија и Катар, кои застапуваат остар курс кон Дамаск, не дојдоа на самитот во Багдад.