1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Арапската лига го осудува развојот во Палестина

*

На вонредна седница во Каиро Арапската лига донесе одлука за подршка на палестинскиот претседател Махмуд Абас. Министрите за надворешни работи го поздравија и именувањето нова влада. Генералниот секретар на лигата Амр Муса ги повика Палестинците да ги запрат борбите. Фатах движењето на претседателот Абас во меѓувреме ја одби понудата за соработка од страна на Хамас. Во Рамала е одложено поднесувањето на заклетва на новата влада на премиерот Салам Фајад. Хамас од своја страна не сака да го прифати разрешувањето на нејзниот досегашен премиер Ханија. Израелскиот амбасадор во Германија Шимон Штајн предупреди од создавањето на држава на Хамас во појасот на Газа.