1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Арапската лига во Багдад бара решение за Сирија

Арапските лидери се собраа на самит во Багдад, на кој ќе ја повикаат Сирија да примени примирје. Арапските земји се против странска интервенција.

Арапските влади се поделени – колку силно да се интервенира за да запре крвопролевањето во Сирија. Владата на Ирак, кој е домаќин на еднодневниот самит, е предводена од Шиитите и има тесни врски со Иран, врвниот сојузник на Асад.

Во нацрт резолуцијата од самитот се отфрла странската интервенција во Сирија и се повикува на поддршка за „легитимните аспирации за слобода и демократија на сирискиот народ“. Во неа се осудуваат актите на насилство и убиствата и се бара мирно решавање на конфликтот во земјата. Во драфт верзијата на заклучоците од самитот се повикува Асад да го примени примирјето и да дозволи доставување на хуманитарна помош. Сирискиот претседател пред одржувањето на самитот на Арапската лига рече дека одбива се’ што ќе произлезе од него, затоа што минатата година беше суспендирано членството на неговата земја во ова тело.

Официјален Дамаск веќе го прифати планот на Анан за примирје, но насилството во земјата продолжи. Сириската опозиција е скептична дека Асад ќе го спроведе планот на Анан. Американските власти вчера порачаа дека остануваат на ставот дека сирискиот претседател Башар ал-Асад треба да си замине од власта, без разлика дали неговата влада ќе го прифати планот за прекин на насилството, поддржан од ОН, соопшти Белата куќа. Американскиот Стејт департмент соопшти дека засега Асад не ги презел неопходните чекори за спроведување на планот за решавање на кризата во Сирија.