1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Арапската лига бара нова конференција за Блискиот Исток

Министрите за надворешни работи на Арапската лига побараа одржување на нова мировна меѓународна конференција за Блискиот Исток, на која теба да учествува и Израел. Целта е да се најде сеопфатно решение на конфликтот.

Амр Муса

Амр Муса

Предлогот за нова конференцијата на која сите страни во Блиско- источниот конфликт ќе седнат на заедничка маса беше поставен на состанокот на Арапската лига, одржана на викендот во Каиро. Палестинското радикално движење Хамас прв пат се изјасни дека е подготвено да учествува на меѓународна мировна конференција заедно со Израел. Тоа на средбата го потврди и палестинскиот министер за надворешни работи Сахар кој е член и на Хамас. Целта е да се пронајде праведно и сеопфатно решение за деценискиот конфликт. На средбата, арапските земји донесоа одлука и да ја отстранат финансиската блокада против владата на Хамас. Ова е против одговор на американското вето да не се осуди Израел во СБ по нападот врз цивили во Газа.

„Ние нема да бидеме дел од некаква блокада со која се казнува палестинското население. Но, ќе работиме заедно со цел помошта која им е потребна на Палестинците да дојде до народот“, појасни лидерот на Арапската лига Амр Муса.