1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апсурдна тужба против соработници на странски фондации во Египет

Поттикнување на немири: тешки се обвинувањата во тужбата против соработниците на странските невладини организации. Само двајца од обвинетите го следат процесот. Една од нив е Кристина Баде од КАС.

По повеќемесечни натегања на 1. март заврши кошмарот за 17-те обвинети. Соработниците на странските невладини организации во блиндирани возила, беа превезени до аеродромот во Каиро. Претходно за секој од нив беше платена кауција од 250.000 евра, како предуслов да можат да го напуштат Египет. Американски воен авион потоа групата ја превезе на Кипар.

Hans-Gert Pöttering Vorsitzender der Konrad Adenauer Stiftung

Ханс Герт Петеринг: Обвинувањата се апсурдни

Кристина Баде од фондацијата Конрад Аденауер беше една од групата. И таа беше уапсена во големата рација на египетските власти минатиот декември. Обвинувањето гласи за нелегален престој и нелегален трансфер на пари од странство во Египет. Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) наводно им префрлила еден милион евра на локалните организации - повеќе од двојно од годишниот буџет на фондацијата. Апсурдни обвинувања, вели шефот на Баде, Ханс Герт Петеринг во разговор со ДВ. Баде поседува дозвола за работа во Египет веќе 20 години. Дозволата била постојано обновувана, а фондацијата Конрад Аденауер има канцеларија во Каиро веќе 35 години.

Набљудувачите гледаат политички мотивиран процес

Тесно поврзано со процесот е името Фаиза Абул Нага. Актуелната министерка за меѓународна соработка служеше и во кабинетот на Мубарак и го изведе на пат процесот против невладините организации од САД и Германија. Можен мотив: лична одмазда. Ова би можело да е поттикнато со одлуката на американските фондации, кои од 2004 година не ги донираат парите преку министерството на Нага, туку ги префрлуваат директно на локалните организации. Тое е противправно, смета министерката, затоа конечно дошло време да се преземат мерки. Дали во овој случај навистина се работи за придржување до законите е под знак прашалник. Критичарите претпоставуваат дека Нага преку ваквиот начин на донирање на средствата, можела да стави помалку пари во сопствениот џеб. Од помош при нејзиниот поход против невладините организации најверојатно е и нејзиниот близок контакт со генералот Тантави, кој од падот на Мубарак до денес во позадина ги држи конците во свои раце.

Ausreise der Mitarbeiter der Konrad-Adenauer-Stiftung aus Kairo

На 1.март соработниците на странските фондации го напуштија Каиро

Се’ уште се води истрага против локалните НВО

Ноха ел Себае, политиколог и координатор на програмата на египетската НВО „Наџет ел Маруса“ е уверена дека воениот совет презема мерки против невладините организации од стратешки цели.

„Воениот совет се обидува малку по малку да ги уништи револуционерните сили“. Од почетокот на египетското востание во јануари 2011 во визирот се најдоа најпрво блогерите и активистите. Тие беа апсени и мораа да одговараат пред суд. Следуваа коптите, а потоа невладините организации.

Многу организации во меѓувреме ја прекинаа нивната работа во Египет, други како фондацијата Конрад Аденауер работат делумно. И тоа ќе има далекусежни последици.

„Странските НВО од секогаш беа поткрепа за египетското цивилно општество“, вели Нола ел Сабае. Меѓутоа, тие се упатени на финансиска поддршка од странство. „Ако ја пресечеш, тогаш се бришат парите за многу локални невладини организации“, вели Ел Сабае. И нејзината организација „Наџет ел Маруса“ е погодена од ваквиот развој. Проекти останаа нереализирани, а конференции откажани. Ситуацијата се чини натамошно ќе се влошува. Надлежните органи во моментов водат истрага за околу 400 египетски организации - пред се’ против оние, кои документираат повреда на човековите права.

Меѓутоа, и меѓу египетските правосудни органи се чини не се сите безусловно среќни поради ваквиот однос. Процесот против странските невладини организации досега е откажуван четири пати. Кога ќе биде донесена пресудата во процесот против соработниците на фондациајта Корад Аденауер зависи од судиите. Можеби за неколку месеци, но постои опција тоа да се случи и за неколку години.

Неизвесно е кога ќе биде донесена пресудата

Konrad-Adenauer-Stiftung in Kairo Ägypten

Египетските власти извршија претрес на службените простории на фондацијата Конрад Аденауер во Каиро

Соработничката на фондацијата Конрад Аденауер Кристина Баде ќе го следи процесот во Каиро, но повеќето обвинети нема да го сторат тоа. Од крајот на април 46 годишната Баде е повторно во Египет, и покрај заканата од затворска казна од пет години. „Овде се моите деца и моето семејсво“, вели Баде во разговор за ДВ. „Затоа се вратив“. Таа се надева дека процесот конечно ќе напредува и наскоро ќе заврши. „Ваквата неизвесност, измачува“. Денеска Кристина Баде повторно мора да влезе во малиот кафез во судската сала, во кој обвинетите мораат да го следат процесот. Притоа за првпат ќе бидат поканети сведоци. Денеска е одлучуваки ден, оти ќе се покаже колку државното обвинителство е подготвено да соработува. 

Во Берлин раководството на фондацијата Конрад Аденауер се надева дека канцеларијата во Египет наскоро повторно ќе може да биде отворена. Хадри Остри, раководител на тимот за Африка и Блискиот Исток посакува фодацијата во Каиро наскоро да може да работи како во изминатите 35 години. „Конечно“ вели тој,„Еѓипќаните ги следиме толку долго што сакаме да им пружиме поддршка и при процесот на трансформација во демократија“.