1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апсолутен победник партијата Нур Отан

Во идниот Парламент на Казахстан ќе седам само претставниците на пропретседателската партија Нур Отан. Ниту една друга партија, на вчерашните избори не успеа да го премине високиот минимален праг.

default

Од пребројувањето на гласовите во Казахстан

Со голема прослава и огномет во главниот град Астана синоќа се славеше убедливата победа на парламентарните избори на партијата Нур Отан блиска до претседателот Нурсултан Назарбајев. Со освоени 88,05% тие се единствената партија која ќе биде застапена во идниот Парламент на Казахстан. Ниту една од останатите шест партии кои учествуваа на изборите не успеа да го обезбеди потребниот минимум од седум проценти поддршка за влез во Парламентот. Претседателот Назарбајев синоќа оцени дека станува збор за историски ден:

“Изборот на пратениците се одвиваше според новиот Устав и новите услови. Од денеска во нашата земја владее нов политички систем. Жителите на Казахстан повторно го избраа патот кон слобода, слога и економска стабилност. Гласаа за подобрување на нивните животни услови. Во тоа сум убеден”.

Опозицијата обвинува за изборна измама. Велат за нив гласале многу повеќе луѓе. Според официјалните податоци опозиционата Општонародна социјалдемократска партија освоила најмногу, 4,62%.

Изборите во Казахстан не одговараат на меѓународните стандарди гласи и оценката на ОБСЕ која гласањето го следеше со 400 набљудувачи. Најмногу се критикува недостатокот на транспарентност при пребројувањето на гласовите и високата граница за влез во Парламентот. Според ОБСЕ сепак има подобрување во однос на претходните избори.

“И покрај забелешките наведени во извештајот овие избори го движат Казахстан напред во неговата еволуција кон демократска земја, истакна координаторот на тимот набљудувачи, сенаторот Консиљо ди Нињо.