1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апсење по 17 години од нападот со отровен гас во Токио

По повеќе од 17 години од смртоносниот напад со отровен гас во метрото во Токио, полицијата ја уапси едната од двајцата последни членови на Аум-сектата кои беа во бегство.

40-годишната осомничена признала дека учествувала во производството на отровот сарин, но не знаела дека се работи за отровен гас, јавуваат јапонските медиуми.

Жената со години живеела во едно предградие, источно од главниот град Токио, под лажно име. 

Во нападот со отровен гас во март 1995-та година, во Токио загинаа 13 лица, а илјадници беа повредени. Досега 189 члена на сектата Аум беа изведени пред суд. Нејзиниот шеф Шоко Асхара и 12 други членови беа осудени на смрт, но казната не е извршена.