1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апсењето на Штрос-Кан нема да остави последици по работата на ММФ?

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Штрос-Кан е уапсен. Подигнато е обвинение за обид за силување и сексуално вознемирување. Французите се шокирани, ММФ тврди-апсењето нема да влијае врз работата!

Доминик Штрос-Кан

Доминик Штрос-Кан

Доминик Штрос-Кан е уапсен вчера (14.05), во еден авион на њујоршкиот аеродром Џон Ф. Кенеди, непосредно пред да отпатува за Париз.

„Утрово, во 02:15 часот по локално време, њујоршката полиција го уапси Доминик Штрос-Кан поради обвиненија за сексуално вознемирување, обид за насилство и недозволено затворање...“, изјави портпаролот на њујоршката полиција Пол Браун.

Тој наведе дека според наводите на собарката во хотелот каде што бил сместен 62-годишниот шеф на Меѓународниот монетарен фонд, Доминик Штрос-Кан излегол гол од бањата ја стигнал во ходникот што води кон фоајето и ја повлекол во спалната соба, каде што се обидел да ја силува. Собарката вели дека тој се обидувал да ја заклучи во собата, но таа успеала да се ослободи и да избега. Потоа, поради полесни повреди била примена во болница.

Шефот на ММФ, според полицијата, се обидел најверојатно да избега, со оглед на тоа што го напуштил хотелот оставајќи таму свои лични работи, меѓу кои и мобилниот телефон.

Шефот на ММФ

Шефот на ММФ

Доминик Штрос-Кан отфрла да даде изјава, а неговиот адвокат соопшти дека обвинетиот ќе се изјасни за невин. Штрос-Кан, инаку, денеска требаше да пристигне во посета на Берлин, на разговори со германската канцеларка Ангела Меркел, а утре во Брисел требаше да биде присутен на средбата на министрите за финансии на земјите од евро-групата. ММФ игра важна улога во европската должничка криза.

Патот до претседателската палата заврши во хотелска соба

Од седиштето на ММФ во Вашингтон се вели дека нема да има последици по работата на организацијата поради апсењето на Штрос-Кан. Организацијата е

ММФ

ММФ

сосема „способна да дејствува“, соопштено е од страна на ММФ.

Инаку, Доминик Штрос-Кан се најде под притисок уште во 2008 година поради афера со негова поранешна колешка. Се извини за проблемите што беа предизвикани, но ги отфрлаше обвинувањата за злоупотреба на службената положба. На чело на ММФ Штрос-Кан е од ноември 2007 година. Неговиот мандат завршува во 2012 година. Тој важи за можен кандидат на француските социјалисти за претседателските избори, наредниот април. Со месеци води во анкетите пред кандидатот на десните екстремисти Марин Ле Пен и конзервативецот Никола Саркози. Дека ќе се кандидира за претседател беше јасно, само беше прашање на време кога тоа ќе го обелодени. Сеголен Ројал, која има намера исто така да се кандидира за предизборите во редовите на социјалистите, реагираше воздржано на веста од Њујорк: „Како секој граѓанин и Доминик Штрос-Кан има право на тоа дека е невин се‘ додека не се докаже спротивното.“

Граѓаните на Сарсел, место каде некогаш Штрос-Кан бил градоначалник, се шокирани:

„Изненаден сум и шокиран“, вели еден граѓанин, а друг оценува:

„Тоа е шокантно за Франција, па дури и за Европа.“

Нивна сограѓанка, пак, коментира:

„Ако се земе предвид што се‘ се слуша за Берлускони, можеби и ова сега е можно.“

Автор: ЕМФ/ AT/ афп/ дапд/ дв

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM