1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апсења поради скандалот со месото

По скандалот со траги од коњско месо во производи со телешко месо во државите на ЕУ, во Велика Британија се уапсени три осомничени лица. Какви прописи постојат во ЕУ за декларација на месото?

Скандалот со коњско месо и натаму се шири: откако стана познато дека во повеќе европски земји на трпезата се најде коњско месо, онаму каде никој не очекуваше, властите се во потрага по измамниците кои фалсификуваат декларации. Во Велика Британија, во меѓувреме, се уапсени три лица поради сомневање дека се вмешани во скандалот со лажните декларации на производи со телешко месо, кои содржеле и коњско месо. Но, истрагата не завршува тука: супермаркети во Ирска, една француска фирма која купувала на Кипар и ладилница во северна Германија - трагите водат низ цела Европа. Потеклото на месото се претпоставува дека е од Романија, но не се знае со сигурност, оти во ЕУ досега не постојат одредби, кои пропишуваат декларирање на месото обработено во месни производи. Останува само макотрпно да се реконструираат трагите.

Deutschland Lebensmittel Lasagne mit Pferdefleisch

Од каде доаѓа коњското месо во лазањите со телешко месо?

„Ние мораме да документираме, од кого ги добиваме производите и каде ги испорачуваме“, вели Рене Золднер, раководител на оддел во едно големо логистичко претпријатие во Германија. Доколку палетите со пакувани прехранбени производи, како на пример картони млеко или сирење, треба да бидат испорачани во други земји, фирмата работи со локални партнери. Прехранбените производи честопати неспакувани се дистрибуираат во привремени складишта и на тој начин минуваат низ многу раце. Од каде точно доаѓаат некои прехранбени производи, трговците не се безусловно запознаени.

„Прописите за декларирање не се доволни“ вели Франк Васкоу од Централата за заштита на потрошувачите во Северна Рајна Вестфалија. Заразата на говедата во 90-тите доведе до тоа да бидат воспоставени правила за телешкото месо, за да се знае неговото потекло. Овие прописи меѓутоа важат само за необработено месо. „Доколку месото само се посоли, или се обработи во некоја друга форма, веќе не мора да биде декларирано“, подвлекува Васкоу. Уште понепрегледно е потеклото кај производите со повеќе состојки - како на пример лазањи, пица или јогурт.

Што се однесува до јогуртот, уште во 1990-тите Штефани Беге од институтот во Вупертал истражуваше од каде потекнуваат поединечните состојки во овошен јогурт од јагоди. Резултатот: бактериите потекнуваа од Северна Германија, а натамошно се обработуваат на југот на земјата, заедно со јагодите од полските плантажи и состојки од Холандија. Фирма од Диселдорф пак, на крајот, беше задолжена за етикетите на производот.

Shrimps Krabben Garnelen

Не сите претпријатија купуваат скапи машини за чистење на раковите

Ниските трошоци за транспорт ги привлекуваат производителите да ги произведуваат прехрaнбeните продукти колку што е можно поевтино - сеедно каде. Заштитниците на животната средина постојано укажуваат на проблемот. Само поради ова може да има случаи како со раковите од Северното Море.  Пред неколку години се обелодени дека германски претпријатија ги испраќаат нивните ракови на 5000 километри долг пат во Мароко и назад. Тамошните работнции добиваа по некое евро за чистење, а потоа ги враќаа како готов производ.

Брисел се занимава со проблемите на транспоротот на прехранбени производи и декларирање на потеклото на производите. Нова законска одредба веќе постои. Таа треба да стапи во сила 2014 година. Во неа се пропишува дека и обработените месни производи во иднина мора да содржат информации за потеклото, информира Васкоу. Неговата Централа за заштита на потрошувачите ова го бара со години.

Постојат и позитивни примери. Оној кој во последно време купил замрзната риба во германски супермаркет, можеби ќе наиде на пакети на кои пишува „followfish“. Во 2007 година заштитинците на животната средина, рибарите и одгледувачите на риби постигнаа согласност да го втиснат овој код на нивните производи. На тој начин секој потрошувач на интернет може да провери, каде пливала рибата, пред да ја приготват за ручек.