1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апсења на демонстрациите во Русија

Илјадници Руси се собраа на митинзи во Москва и Санкт Петерсбург за да ја оспорат победата на премиерот Владимир Путин на претседателските избори. Стотици беа уапсени.

На протестите против изборот на актуелниот руски премиер Владимир Путин за иден претседател на државата вчеравечер во Москва и Санкт Петерсбург беа упсени околу 500 противници на Кремљ. Меѓу нив и пратеникот од либералната партија „Јаблоко“ и познатиот протовиник на Путин - блогерот Алексеј Навални. Во меѓувреме, дел од уапсените се ослободени.

Еден од лидерите на нерегистрираната „Партија на народната слобода“ Владимир Рижков упати повик за предвремени парламентарни и претседателски избори. Тој истакна дека опозицијата сака комплексни реформи и ќе ја продолжи мирната борба додека барањата не бидат исполнети.

Russland Moskau Opposition Demonstration Puschkinplatz

Руската опозиција демонстрираше на плоштадот Пушкин

На плоштадот Пушкин во Москва протестираа околу 20.000 луѓе против изборните резултати. На протестите повеќемина водечки опозиционери го обвинија Путин за манипулација на изборните резултати. Тие сметаат дека изборите треба да бидат поништени. Според Изборната комисија, Путин освоил 63,6 проценти гласови. ОБСЕ констатираше нерегуларности во една третина од избирачките места, каде се вршело надгледување на изборите. Руската организација Голос, според сопствени наводи, примила 14.000 поплаки.

Автор: АТ/ АМ/ дв/ миа

Редактор: Е. М. Фиданоска