1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Апсења во Пакистан,опозицијата планира протести

Првиот ден по воведувањето вонредна состојба во Пакистан од страна на претседателот,генерал Первез Мушараф,силите на безбедноста уапсија повеќемина опозициони политичари или ги ставија во куќен притвор.

default

Полициско присуство на секој чекор

Исчекување и напнатост-во Исламабад утрово е мирно,со засилено полициско обезбедување.

Првиот ден по воведувањето вонредна состојба во Пакистан од страна на претседателот,генерал Первез Мушараф,силите на безбедноста уапсија повеќемина опозициони политичари или ги ставија во куќен притвор.

Во куќен притвор е и шефот на Движењето за правда и поранешна крикет звезда Имран Кан,како и претседателката на пакистанската Комисија за заштита на човековите права Асма Џехангир.

Ставени вон сила повеќе закони и права

Со воведувањето вонредна состојба Мушараф суспендира повеќе закони и основни права загарантирани со уставот,меѓу кои и правото на живот и слобода.

Дозволено е апсење без адвокати,без официјално известување за прекршокот за кој се врши апсењето.Забрането есобирање на јавни места,со што опозиционите партии се спречени да организираат собири на јавни места воочи порано закажаните парламентарни избори за средината на јануари.

Опозицијата не ја оправдува вонредната состојба

Опозиционите партии сепак за утре повикуваат на протести низ целата земја против воведувањето вонредна состојба во земјата.Опозиционата политичарка Беназир Буто ги осуди мерките на шефот на државата,кои тој ги аргументираше со опасноста од исламистите:

"Разбирам што генерал Мушараф вели дека мисли добро за земјата,но погрешно е тој самиот да одредува што е добро за државата.Оваа одлука мора да ја донесе народот на Пакистан",изјави Буто.

Државниот обвинител Малик Мохамед Кајум ги отфрли нејзините тврдења објавени и од некои медиуми,дека Мушараф всушност вовел воен пуч.Тоа не е случај,зашто во земјата е воведена само вонредна состојба,а и натаму функционира цивилната власт,тврди Кајум.

САД,Велика Британија,ЕУ и Индија изразија загриженост од развојот на ситуацијата во Пакистан,но САД најавија продолжување на воената поддрршка на Исламабад,важен сојузник на Американците во борбата против Ал Каеда и Талибанците во Авганистан.