1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апокалиптични поплави во Сардинија

Големото невреме кое го зафати италијанскиот остров Сардинија носело сѐ пред себе: автомобили, куќи, дури и делови од патишта и мостови. Штетите, според надлежните, се апокалиптични.

Најмалку 14 лица загинаа во поплави на италијанскиот остров Сардинија, предизвикани од бурата Клеоптара, проследена со силен ветер и обилни врнежи од дожд, што вчера го погоди северозападниот дел на Медитеранот.

Поради поплавите неколку стотици лица беа принудени да ги напуштат своите домови, кои останаа под вода. Италијанските телевизии емитуваа снимки на поплавени населени места и реки излеани од своите корита. Од поплавите најтешко е погоден градот Олбија во североисточниот дел на Сардинија, каде според градоначаникот, штетите се „апокалиптични“. Според него, на одредени места нивото на водата од поплавите достигнало и до три метри.

Локалниот весник „Униони Сарда“ информира и за неколкумина исчезнати лица. Меѓу загинатите е и еден полицаец, кој со полициското возлило што го управувал завршил во водите на реката Доргали, кога се урнал мост по кој се движел. При друго уривање на мост загинале уште три лица.