1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

АПЕ: Без промени на позициите во Скопје

Грчката државна новинска агенција АПЕ, повикувајќи се на дипломатски извори, во Њујорк јавува дека на последната рунда преговори кај медијаторот Нимиц, македонската страна останала на своите познати позиции.

Нема промени во позициите на Скопје, гласи првата грчка реакција по најновата рунда разговори на медијаторот во македонско-грчкиот спор за името Метју Нимиц со преставниците на двете земји Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис во Њујорк.

Дописникот на грчката државна новинска агенција АПЕ од Њујорк, повикувајќи се на дипломатски извори, јави дека македонската страна останала на своите познати позиции. Најавува дека следната средба, за која Нимиц не даде конкретен рок, би се случила во март.

„Според дипломатски извори и за време на денешната заедничка средба и за време на вчерашните одвоени средби со претставниците на Грција и ПЈРМ, скопската страна не покажа никаков нов елемент и нејзините позиции се движеа во истите познати рамки“, јави АПЕ од Њујорк.

Инаку медијаторот во грчко-македонскиот спор за името, амбасадорот Метју Нимиц по последната рунда средби со засегнатите страни, кои завршија вчера во Њујорк изрази задоволство од тоа што добил реакции на неговите предлози, кaко и од тоа што се  конкретизирани позициите на двете страни.