1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Апел на Понта до Британија: Не дикриминирајте ги Романците

Романскиот премиер се жали на најавата на британскиот колега за ограничување на слободата на движење во ЕУ од почетокот на идната година. Британците стравуваат од искористување на нивниот систем на социјална заштита.

Романскиот премиер Виктор Понта апелираше до Велика Британија да не ги третира Романците како граѓани од втор ред, откако ЕУ ќе ги укине ограничувањата за романски и бугарски работници по 1 јануари. Британскиот премиер Дејвид Камерон во гостинска статија во „Фајненшл тајмс“ најави заострување на правилата за социјална помош за имигранти од ЕУ поради стравот на Британците дека имигрантите од Романија и Бугарија ќе го искористат британскиот систем на социјална заштита. Камерон истакна дека еден милион луѓе од Централна и Источна Европа живеат во Велика Британија и дека толку голем број имигранти не е забележан од Втората светска војна.

Понта нагласи дека оние што го злоупотребуваат британскиот систем на социјална заштита треба да бидат казнети, но дека не треба да се користат рестрикции за вршење или оправдување на дискриминација на европските граѓани.

„Нема да прифатиме да нѐ третираат како граѓани од втор ред“, изјави Понта. Тој се надева дека Камерон нема да се обиде да ги нападне фундаменталните принципи на ЕУ, меѓу кои слободата на движење е една од најважите вредности.

Ставот на Камерон ја испровоцира претходно и еврокомесарката за правда - Вивиен Рединг ја спомена дури и можноста за истапување на Велика Британија од ЕУ. Камерон по критиките од Брисел се повика на легитимноста на своите „дилеми“. Внатрешно-политички, Камерон се наоѓа под притисокот на евроскептиците и сака да ја протурка опцијата според која питачите или скитниците -доселеници кои спијат под отворено небо во иднина ќе смеат да бидат протерувани, а ќе биде отежнат и пристапот до социјалната и помошта за невработени.