1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Апел на мајките на киднапираните Германци

Берлин сеуште нема детали за грабнувањето на двајцата германски инженери во Ирак. Колку навистина се знае за грабнувачите и колку далеку стигнал кризниот штаб во својата истрага, за јавноста и новинарите останува речиси непознато, во интерес како што се вели на заштитата на грабнатите, нивните роднини и посредниците.

Мајките на Рене и Томас

Мајките на Рене и Томас

Во заложничката драма, првпат се огласија мајките на грабнатите инженери. Тие во видео порака до киднаперите порачаа:

“Ние двете сме овде за да зборуваме со оние кои ги киднапираа нашите синови. Нашите семејства, особено нивните сопруги, се многу загрижени. Се плашиме за нивниот живот. Ги видовме нашите синови на телевизија. Томас и Рене заминаа во Ирак без политичка заднина. Тие никогаш немаа намера да и наштетат на вашата земја. Апелираме да имате милост и да ги поштедите нашите невини синови. Ве молиме ослободете ги Рене и Томас .“

Во Лајпциг, родниот град на заложниците, сочувството е големо. Пред црквата на Свети Никола се положени многу цвеќиња, а луѓето со молитви ја изразуваат својата солидарност со киднапираните. Грабнувањето го осудија и муслиманите во Лајпциг. Хасан Дабаг, имам во џамијата Ал Раман, до киднаперите апелираше да ги ослбоодат двајцата инженери. Вакви работи во нашата религија се забранети, изјави имамот.