1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Апел на Буш за смирување на насилствата во исламскиот свет

Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика владите во светот да преземат мерки за запирање на насиствата предизвикани од објавувањето на карикатурите на пророкот Мухамед.

Џорџ Буш

Џорџ Буш

Први на метата на обвинувања се Иран и Сирија, кои според официјален Вашингтон, свесно ги поттикнуваат насилствата.

,, Го отфрламе насилството како начин за изреазување незадоволство поради објавените публикации во слободниот печат, нагласи Буш по средбата со јорданскиот крал Абдула Втори, вчера во Вашингтон. Тој испрати и апел до медиумите да бидат одговорни и да внимаваат на последиците кои ги предизвикуваат нивните активности.

,, Го осудуваме насилството како начин за изразување на незадоволството во врска со она што го објавил слободниот печат. Ги повикувам владите ширум светот да влијаат за сопирање на насилството, да бидат толерантни, да го штитат имотот, имунитетот на дипломатите“ рече Буш, кој за првпат упати и порака до новинарите:

,, Веруваме во слободниот печат. Но, слободата носи и обврски.“ рече тој.

Шефицата на американската дипломатија, која вчера во Вашингтон разговараше со својата израелска колешка Тсипи Ливни, ги посочи Сирија и Иран како најголеми поттикнувачи на нередите и насилствата во муслиманскиот свет. Таа ги повика свганистанскиот власти и иракчиот верски водач, Ајатолахот Али Ал Систиани, да упатат апел за смирување на ситуацијата.

,, Има влади кои исто така ја користат ваквата можност да го поттикнат насилството. Не се сомневам дека со давањето контрола на сириската и иранската влада , дека овие две земји ги потпалија чувствата и тоа го искористија во свои цели.„ рече Рајс.