1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Апел за решавање на спорот со името

Грчките парламентарци во Парламентарното собрание на Западноевропската унија (ЗЕУ) успеаја да го направат она што не успеаја нивните колеги во Европскиот парламент, да протуркаат понеповолен амандман за Македонија

default

Офанзива на грчките парламентарци во европските инситуции

Со амандман поднесен при гласањето на резолуцијата по извештајот на шпанскиот пратеник Педро Аграмунт Фонт де Мора, посветен на Балканот, беше избришан делот во кој се велеше дека проблемот со името „не треба да го попречи напредокот на Поранешната Југословенска Република Македонија на патот кон евроатлантските интеграции“. Во резолуцијата остана само охрабрувањето упатено до Македонија и Грција да пронајдат заемно прифатливо решение за долгогодишните разлики по прашањето за името.

Влошување на ситуацијата на Балканот

Отвореното прашање за името на Македонија, Аграмунт го става во контекстот со влошената ситуација на Балканот. Колку и да изгледа незначајно ова прашање во однос на другите проблеми на Балканот, тоа претставува дополнителен извор на нервоза во регионот. Аграмунт исто како и во извештајот посветен на проблемот за употребата на името на Македонија, изработен за другото парламентарно собрание, тоа на Советот на Европа, констатира дека преговорите и напорите на посредникот Нимиц не донесоа позначајни резултати. Грција го блокираше приемот на Македонија во НАТО и затоа повеќемина говорници во дебатата побараа да се воспостави дијалог меѓу Грција и Македонија, со повик двете земји да направат напори и да најдат заемно прифатливо решение до крајот на годинава.

Големата мобилизација на грчките парламентарци од сите политички партии придонесе за усвојување амандман со кој беше избришана оваа реченица од првата верзија на резолуцијата, во која се велеше дека проблемот со името „не треба да го попречи напредокот на Поранешната Југословенска Република Македонија на патот кон евроатлантските интеграции“.

Во расправата стана збор и за парламентарните избори во Македонија, за кои британскиот лабурист Денис Мекшејн рече дека „местењето и нерегуларностите на изборите претставуваат срам за цела Европа“, жалејќи притоа дека во Македонија, исто како и во Србија, дошло до засилување на крајната десница.