1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апел за прифаќање на фискалниот пакт и постојаниот фонд на ЕУ

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле ги повика пратениците во Бундестагот да го дадат својот глас за мерките за враќање на загубената доверба во ЕУ на светските пазари.

Министерот за финансии Волфганг Шојбле ја отвори денешната расправа во германскиот парламент Бундестагот по повод првото читање на предлог- законите за создавање на фискална унија меѓу земјите од ЕУ и долгорочниот механизам за финансиска стабилизација на земјите од еврозоната. Шојбле притоа апелираше до пратениците за поддршка на воведувањето на фискалниот пакт и Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ). „Предлог- законите за создавање на фискална унија и на ЕСМ се уште еден важен чекор кон надминување на кризата на доверба на финансиските пазари“ , изјави Шојбле.

Времено проширување на помошта за спас на еврото

Bundestagsdebatte 29.03.2012

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле

Тој притоа се заложи за баралансирана политика од мерки за поттикнување на економскиот раст и за справување со дефицитот и предупреди од инструментите кои би можеле да водат до тоа, погодените земји да не можат самите да ги спроведат неопходните мерки за корекција.

Шојбле го бранеше и планираното времено проширување на помошта за спас на евротот на 700 милијарди евра . Тоа би значело дека Европскиот стабилизациски механизам кој би требало да стапи во сила во јули со кредитен фволумен од 500 милијарди евра во одреден временски период ќе функционира паралелно со актуелниот Европски фонда за финансиска стабилизација ЕФСФ со вредност 200 милијарди евра.

Германската влада се стреми уште пред летната парламентарна пауза во Бундестагот и во горниот дом на германскиот парламент- Бундесратот паралелно да се гласа за предлог-законите за европскиот фискален пакт и ЕСМ. За усвојување на фискалната унија притоа е потребно дво-третинско мнозинство како во Бундестагот така и во Бундесратот , што значи и бројни гласови од опозицијата.

Bundestagsdebatte 29.03.2012

Јирген Тритин, шеф на пратеничката група на партијата на Зелените

Колебања околу фискалниот пакт

Претставниците на опозициските партии кои се вклучија во дискусијата истакнаа дека нема лесно да попуштат пред притисокот на владата за брзо усвојување на предлог законот за фискалниот пакт. Јирген Тритин, шеф на пратеничката група на партијата на Зелените истакна дека ја разбира неопходноста за итно одобрување на Европскиот стабилизациски механизам во Бундестагот но рече дека не гледа причина одлуката за него да се врзува за онаа за фискалната унија. Тој предложи за ЕСМ да се донесе брза одлука во Бундестагот додека за фискалниот пакт, како што рече има доволно време да се одлучи до крајот на годината. Слични гласови можеа да се чујат и од говорниците од Социјалдемократската партија. Шефот на пратеничката група на оваа партија во Бундестагот Франц Валтер Штајнмаер слично како и Тритин побара фискалниот пакт да биде проширен со елементи за поттикнување на економскиот раст.

Од другастрана неговиот колега од Партијата на левицата, Грегор Гизи го нарече фискалниот пакт-со кој државите од ЕУ се обврзуваат на стриктна буџетска дисциплина- противуставен.