1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Апел за борба против гладот

Како да се надмине кризата со зголемените цени на храната- во Рим се одржува конференција на ОН. Критика и протести во Рим предизвикаа и настапите на претседателите на Зимбабве Роберт Мугабе и на Иран Махмуд Ахмадинеџад

default

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и италијанскиот премиер Берлускони на конференцијата

Првиот ден од конференцијата во Рим помина со демонстрации против иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад и прием на сите учесници во Вилата Мадама. Тоа што таму Ахмадинеџад не беше поканет, не го загрижи Иран, имено претседателот го напушти Рим откако се сретна со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун и оддржа прес конференција.

Rom Ernährungsgipfel Ahmadinedschad

Иранскиот претседател Ахмадинеџад пак предизвика бранувања со заканите

Тој рака на срце притоа одговараше и на прашањата на израелските новинари, што не е разбирливо само по себе, но сепак останаа неговите закани против Израел, проколнувањето на капиталистичкиот економски поредок, неговите теории за заговор, кој ги става на товар во целост на западот, неговите обвинувања за влијанието на САД во ОН. Првиот настап на Ахмадинеџад во земја членка на ЕУ по неговиот избор за претседател го одвлече вниманието од суштинската тема на конференцијата исто токлку колку и оспоруваниот настап на Роберт Мугабе. Диктаторот на Зимбабве самиот се пофали дури и за постапката на одземање на имотите и протерувањето на белите фармери и истовремено протестираше против санкциите кои ги имаат воведено ОН.


„Сето ова се случи за да се уништи земјоделството на Зимбабве, за да се спроведе нелегална промена на власта во нашата земја. Дотокот на пари до опозиционите партии се спроведе преку невладини организации, кои во секој случај се креација на западот.“


Критики на сметка на Светската програма за борба против гладот


Покрај спорните настапи на пленумот на Светската програма за борба против гладот на удар на критиката се наоѓа и работата на организацијата. Хуманитарни групи изразија сомневање во однос на смислата на средбата, којашто е и причина за вонредна состојба во центарот на Рим. Серџо Марели од италијанскиот комитет за Право на исхрана, барем делумно им противречи на критиките


„Оваа ораганизација мора да биде зајакната. Мора да и се доделат надлежности за земјоделството. Организацијата мора и да биде реформирана и да дејствува поделотворно што значи помалку да се расфрлува со парите од буџетот, од кои во моментов повеќе од половината се трошат за самоиздржување на служнбеници од кои повеќето живеат во Рим.“


30 милијариди долари брза помош годишно за да се спасат животите на луѓето на кои им се заканува смрт со глад - за оваа цел на ОН и Организацијата за борба против гладот денеска продолжуваат дискусиите на шефовите на држави и влади и владини претставници од целиот свет. Истовремено тие ќе дебатира и за завршниот документ, кој треба да се усвои на крајот на конференцијата.