1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

АПЕК – самит

*

Членовите на азиско-пацифичката организација, АПЕК, чувствуваат заедничка обврска за заштита на климата. На самитот на АПЕК кој е во тек во Австралија, 21 држава членка на организацијата, меѓу кои и САД, Австралија и Кина, покажаа подготвеност до 2030 година да ја намалат потрошувачката на енергија соодветно на вкупниот економски развој, за 25%. Сепак, ваквата цел, не е обврзувачка, односно не е ставена во т.н. Изјава од Сиднеј, која треба да произлезе од заклучоците на самитот на АПЕК. Во центарот на Сиднеј повеќе илјади луѓе вчера демонстрираа против политиката на американскиот претседател Буш во Ирак, во однос на глобализацијата и заштитата на климата.