1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

АПЕК: Азија не се тревожи поради европската криза

Самитот на АПЕК го нагласи економскиот потенцијал на азиско-пацифичкиот простор. Договорено е транспацифичко партнерство, а приемот на Русија во СТО е чекор поблиску.

default

Во Хонолулу требаше всушност да стане збор само за азиско-пациифчките економски односи, но финансиската криза во Европа не може така лесно да се игнорира. „Секојдневно сум загрижен околу можното решение на европската должничка криза“, изјави пред новинарите Даг Оберхелман, прв човек на Управниот одбор на големиот американски производител на градежни машини „Кејтерпилар“. Но, кризата досега одвај дека го чепнала неговото претпријатие. Оберхелман гледа самоуверено во иднината, а причината гласи: „Нашата спососбност за успешни зделки, се‘ едно во какви услови.“

Сите очи свртени кон Кина

Кина не делува загрижено. „Ефектите на европската криза се мали“, вели Ксиао

Symbolbild China Wirtschaft

На самитот на АПЕК Кина е под притисок

Ганг, претседател на Банк оф Кина. Неговата банка има само мал удел во долговите на Европа, а нема воопшто обврзници на Шпанија или Грција. Слично е и со останатите банки во неговата земја. Од можните последици на финансиската криза Кина може дури и да профитира - ако европските банки го повлечат својот капитал од азиско-пацифичкиот регион, тогаш е тоа „добра шанса за кинеските банки да го прошират бизнисот“, вели Ксиао Ганг.

На самитот на АПЕК во Хонолулу Кина е под притисок. Американскиот претседател Барак Обама вчера (12.11) од Кинезите побара „да се држат до правилата“. Како пример ја посочи кинеската валута, која важи за потценета. „Тоа мора да се промени“, вели Обама, или во спротивно САД ќе преземат мерки. Што се однесува до темата права на сопственост и патенти, американскиот претседател додаде: „Не е прифатливо што на еден голем пазар како Кина не добиваме соодветна заштита“.

Пораст во азискиот регион на сметка на Европа

Според Џон Чен, претседател на фирмата за софтвер „Сајбејс“, која е фирма-ќерка на германскиот концерн САП, само прашање на време е кога и Кинезите

John Chen APEC

Џон Чен: Кинеската валута ќе зајакне, само прашање на време е колку бргу

ќе бидат заинтересирани за слободно движење на нивната валута на пазарот и за засилена заштита на сопственичките права. „Кинеската валута ќе зајакне, само прашање на време е колку бргу“, изјави Чен за Дојче веле. Во последните пет години јуанот веќе порасна за 25 до 30 проценти, вели тој, додавајќи дека порано или подоцна и Кинезите ќе мора да се интегрираат во системот, особено „доколку сакаат да инвестираат во странство“.

И по прашањето на заштита на интелектуалната сопственост Чен очекува промена: „Кина интензивно работи на тоа самата да пријавува патенти, и затоа ќе има и самата интерес за заштита на нејзината интелектуална сопственост.“ И ова, според Чен, е само прашање на време. Сепак, притисокот врз Кина мора да се одржи. Сајбејс во моментов 50 проценти од бизнисот го води во САД, 35 проценти отпаѓаат на Европа и Блискиот Исток, а остататокот на азиско-пацифичкиот регион, кој постојано расте. Бизнисот во Кина е зголемен за 25 проценти во последните години, објаснува Чен. За три до четири години тој очекува пренасочување во полза на азискиот пазар, а за наредните 10 до 20 години „АПЕК ќе биде место на порастот“. Губитници, иако можеби за неколку проценти се - Европејците.

Русија се приближува до СТО

Русите на самитот на АПЕК имаат причина за радост, затоа што направија голем чекор во насока на прием во Светската трговска организација. Се‘

Welthandelsorganisation WTO Kalenderblatt

СТО: Русија е чекор поблиску

изгледа како сите отворени прашања да се расчистени, вели Кирил Димитриев, раководител на рускиот дел од Фондот за директни инвестиции, што Русија и Кина го основаа неодамна, а тежи околу 4 милијарди долари. Наредниот самит на АПЕК ќе се одржи наредната година во Владивосток, и тогаш Русија би можела да и‘ пристапи на СТО. „Русија со тоа значително ќе се приближи до меѓуанродните стандарди“, изјави рускиот претседател Дмитри Медведев во Хонолулу.

Она што е веќе договорено на овој самит, е транспацифичко партнерство, кое предвидува Зона на слободна трговија меѓу САД, Австралија, Брунеи, Чиле, Малезија, Нов Зеланд, Перу, Сингапур и Виетнам. „Уште многу детали треба допрва да се договараат, но уверени сме дека ќе успееме“, изјави американскиот претседател Барак Обама.

На самитот на Хаваи не само што стана очигледно дека азискиот пазар бележи бум, туку стана јасно и дека се менуваат надворешнополитичките приоритети на САД. Американската министерка за надворешни работи Хилари Клинтон во петокот (11.11) во еден говор веќе најави - војните во Ирак и Авганистан се ближат кон крај, почнува ера на трговијата. А, Азија, притоа е во - центарот!

Автор: Кристина Бергман / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM

Поврзана содржина