1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Анти-пушачките закони стапија во сила во три покраини во Германија

*

Во три германски покраини, за првпат стапија во сила законите за заштита на непушачите. Во Баден Виртенберг и во Долна Саксонија , пушењето ќе биде забрането во угостителските објекти, училиштата, јавните објекти и во болниците. Во Мекленбург предна Померанија пушењето засега ќе биде забрането само во клиниките , училиштата и јавните објекти. На прекршителите на законот им се заканува казна и до 1000 евра.