1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Анти-корупциска офанзива

Во Македонија во последниов период се уапсени повеќе судии, лекари, полицајци и цариници осомничени за незаконско работење. дел од експертите предупредуваат на долгит притвори пред почеток на судењата, но и на прекршување на принципот на пресумпација на невиност со јавно објавување на имињата пред да биде подигнато обвинение.

default

Во Скопје заврши судскиот распит на дваесетина осомничени и притворени судии, нотари и адвокати, како и екс-министер за економија. Тие наводно се вклучени во големите афери и финансиски малверзации за т.н. случаи “Бачило“ и “Денационализација“ и со тоа ја оштетиле државата за над два милиони евра. Други пет делители на правдата од Велес, Кочани, Виница, Битола и Скопје се во затвор за несовесно судење или учество во организиран криминал. На тапет се и нови имиња на судии. Големата чистка меѓу делителите на правдата допрва претстои. Дел од судиите се посочени како виновници за скандалозни, криминални приватизации, свесно застарување на кривични дела, имотни малверзации. Рубриките “Црна хроника“ во медиумите во меѓувреме се преполнети со звучни имиња од јавниот живот. Анти-корупциската комисија ќе го претресува имотното досие на претседателот на државата, откако беа објавени документи дека неговата сопруга купила деловен простор,а притоа не биле пријавени 50-тина илјади евра како годишен приход во семејството Црвенковски. Поранешните челници на централната и скопската даночна управа се осомничени за еден милион евра. Во истражен затвор е професорот Дејан Докиќ, човек од доверба на премиерот Груевски. Овој познат лекар е осомничен за примање мито. За други двајца професори и директори на клиники се проверува како можеле да стекнат голем недвижен имот и скапи автомобили со својата лекарска плата.

Владата отвора широк фронт во борбата против криминалот, обидувајќи се да прикаже непристрасност во истрагите и против личности блиски до неја. Во таков фокус е и дисциплинирањето на цариниците и полицајците, кои наводно наплаќале мито на граничните премини.

Дел од експертската јавност предупредува на владината и полициската дискредитација на осомничените пред да се отвори официјална судска истрага. И хелсиншкиот комитет неодамна излезе со реакција дека таквиот политички ПР на власта значи злоупотреба на правилото дека секој е невин додека не се докаже дека е виновен.