1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Антисемитскиот напад во Париз – само измислица

"Длабоко жалам за сé што се случи по моја грешка. Им се извинувам на Претседателот на Републиката, на г-ѓата Никол Геџ (државната секретарка за жртвите) и на сите лица кои ме подржаа, не знаејќи дека лажам. Жалам за овај акт и барам простување од сите оние кои ги излажав или ги повредив.” Со овие зборови, со грбот свртена кон телевизиските камери на француските телевизии, младата дваесет и тригодишна чајка Мари Леони Лебланк, побара прошка за измислената приказна за наводниот напад во еден париски приградски воз. Приказна која ја возбуди цела Франција и добар дел од светот.

Да подсетиме, таа се пожали на полицијата дека заедно со нејзиното бебе биле физички нападнати од шест млади Африканци, на возраст од 15 до 20 години, кои покажале и антисемитско однесување кон неа. Притоа, никој од патниците на вагонот не и пришол на помош на неа и на нејзиното бебе.

Полицијата, по извршената истрага и пред сé по контролата на касетите од видео камерите на железничката станица и по отсуството на сведоштва за овој "антисемитистички акт", започна да се сомнева во веродостојноста на приказната. Но предоцна. Претседателот Ширак, министерот за внатрешни работи, претседателот на Собранието, претставниците на здруженијата на граѓаните и религиозните заедници го осудија овај настан. Медиумите му дадоа широк простор, што е разбирливо ако се знае дека во првата половина од годинава се регистрирани исто толку расистички акти, колку што беа забележани во текот на целата 2003.

Државниот секретар за правата на жртвите Никол Геџ, на неколку пати телефонски разговараше и се сретна со наводната жртва, презентирајќи ја нејзината верзија во медиумите.


Обвинителот од Понтуаз потврди дека Мари Леони признала дека ”се измислила", дека самата си ја исекла облеката, самата се повредила со нож, си ја исекла косата и си нацртала кукасти крстови на стомакот.


Против неа сега е поднесено обвинение за измислено кривично дело, за кое може да биди осудена со шест месеци затвор и 7.500 евра парична казна, за што судот ќе се произнесе на 26 јули.


Медиумите, политичарите и здруженијата признаа дека поверувале во приказната, со оглед дека антисемитизмот, расизмот и ксенфобијата се доволно сериозни појави, но потребно е да се внимава. Политичарите сега реагираат брзо "на жешко", бидејќи ако не реагираат, тоа исто така ќе им биди забележано од јавноста.

Премиерот Жан-Пјер Рафаран само оцени дека овај настан "покажал дека општетството треба да остане внимателно во сите прилики" против антисемитизмот. "Емоциите кои беа предизвикани со оваа реална или виртуелна информација, се автентични емоции", вели тој. Охрабрува реакцијата на мнозинството на Французите кои го осудија овај настан, покажувајќи дека антисемитските, расистичките и ксенофобските акти се дело на мал дел од населението и дека нивните идеи не ги дели мнозинството.

Претседателот на националното собрание Жан-Луи Дебре, денес на приватното радио Европа 1, околу овај настан и обвинувањата за антисемитско настроение во Франција нагласи:

"Под импулс на Жак Ширак, борбата против антсемитизмот, расизмот и ксенофобијата станаа едни од водечките наши определби, бидеји тие не се во согласност со девизата на нашата република: Слобода, Еднаквост и Братство."