1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Антиракетен систем – спор

*

Русија смета дека по предлогот од нејзина страна за заедничка употреба со Американците на рускиот радар во Азарбејџан, веќе нема потреба од плановите на САД за антиракетен систем во Источна Европа. Понудата за заедничко користење на радарот за одбранбени цели, ги прави американските планови непотребни, изјави рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Иванов. Тој истовремено ја отфрли можноста од заедничко користење со САД на антиракетниот штит што би бил изграден во Чешка и Полска. Американскиот претседател, Џорџ Буш, во петокот во Гдањск сигнализираше дека и покрај понудата на Русија, тој ќе се држи до своите планови за антиракетниот штит.