1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Антарктик: Мразокршачот не стигна до рускиот брод

Научниците и туристите на во мразот зглавениот истражувачки брод во Поларното Море ќе треба долго да чекаат на своето спасување. Кинескиот мразокршач, кој требаше да им помогне, и самиот заглави во ледот.

Кинескиот мразокршач што тргна да му помогне на заглавениот руски брод на Антарктикот, на околу 2800 километри југоисточно од австралискиот град Хобарт, и самиот остана заглавен во ледот, на шест и пол наутички милји од рускиот брод.

„Мразокршачот наиде на голем лед и поради својата безбедност засега не е во состојба да продолжи кон рускиот брод“, соопштија австралиските поморски власти, додавајќи дека резгледуваат други можни опции.

Рускиот брод „Академик Шокалскиј“, кој се наоѓа во научна експедиција, заглави на Божик, кога испрати порака за помош на околу 100 наутички милји источно од француската база на Антарктикот. На него се наоѓаат 74 патници и членови на екипажот.

Три мразокршачи вчера се упатија во акција за спасување, а кинескиот „Снежен змеј“ се доближи најмногу до рускиот брод. Причина за несреќата се силните ветрови кои нафрлале лед и снег околу трупот на бродот брзо по што се формирал дебел леден појас. Бродот во ниту еден момент не бил во опасност од потонување, а 74. научници, туристи и членови на екипажот имаат доволни резерви на храна.