1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Анкетна комисија не постигна согласност за сите точки по извештајот

*

Членовите на Анкетната комисија, која треба да поднесе извештај околу случувањата во македонскиот парламент на 25 септември годинава, не успеаја да постигнат согласност околу лоцирање на одговорноста. Формулирањето на евентуалната одговорност на заменик министерот Елмази и лидерите на ДУИ и ДПА, Ахмети и Тачи биле главна пречка. Претседателот на комисијата Стојан Андов најави дека уште денес треба да се постигне согласност околу спорните точки.

Анкетната комисија постигна согласност по шест точки, кои според Андов треба да биде објавени денеска. Претседателот на Анкетната комисија Андов предупреди и доколку извештајот не се донесе со консензус, тогаш се ризикува тензијата да се пренесе на собраниската седница кога ќе се разгледува извештајот.