1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Анкетната комисија почна да ги разгледува причините за инцидентите во Собранието

Во македонскиот Парламент со работа почна Анкетната комисија, која ќе треба да ги расветли инцидентите кои се случија во Собранието на 25 септември.

default

Анкетна комисија

Мини полемиката меѓу претседавачот Андов, пратеникот Кондарко од СДСМ и претседателот на Собранието Георгиевски е дел од денешниот старт на работата на Анкетната комисија воПарламентот на Македонија.

Зошто една завршна дебата, која во финишот влезе со смирени тонови и очекувања од опозицискиот лидер, како што оцени претседателот на парламентот, се разви во драматични парламентарни денови на полтиички, физички и меѓунароидне скандал? На ова прашање ќе треба да одговори седумчлената пратеничка Анкетна комисија која денеска почна да ги испитува мотивите, сторителите и последиците од парламентрните поресметки и особено нападите врз новинарските екипи.

Седницата е отворена и новинарскиот интерес е исклучително голем за сите искази на повиканите. Се очекува попладне да говори лидерот на ПДП Абдуљадин Вејсели, по чие излагање на 25 септември во Парламентот дојде со физичка пресметка со колегата од опозициската ДУИ Дураку. Анекетана комсиија сега испитува зошто нема телевизиски сникми од крајот на дебата и парламантраната пауза. Досега камерите беа вклучени и за време на паузите на седниците, за тоа спореа денеска пратеникот Кондарко од СДСМ и Новковска шеф уредник на телвизискиот собраниски канал.

Последните парламентрни судири синоќа ги оцени и паритскиот врв на владејачката ВМРО ДПМНЕ со остри осуди. Премиерот и шефот на партијата Никола Груевски, во Пробиштип изрази надеж дека Собранието во продолжение ќе се концентрира на европската агенда на закони, а дека опозицискиот СДСМ нема да ја опструира парламентарната дебата со долги политички говори и полемики.