1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Ангола подобра од Македонија

Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз од Ангола 84:88 (21:32, 19:21, 19:19, 25:16), ги започна натпреварите на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри

default

Во Каракас, Македонија одигра лош натпревар, анемично во одбраната и неорганизирано во

нападот. Дозволија македонските кошаркари противникот, во најголемиот дел од натпреварот, да ја наметне својата брза игра, оставија премногу отворени шутеви, што Ангола, особено во првото полувреме немилосрдно го казнуваше.

Ангола доминираше во првиот дел, максимално користејќи ги сите свои доблести

во играта. Македонија ја прифати брзата игра на противникот, речиси и да не одигра одбрана во првиот дел и помалку неверојатно африканската селекција оствари апсолутна предност под двата коша, Ангола имаше 20 наспротив скромните 9 скока на Македонија.

Ангола предноста во првиот дел започна да ја гради од шестата минута, благодарение на одличната реализација од поле (9/13 шут за три поени) предноста од 32:21 по првата четвртина, ја претворија во 53:40 на полувремето, претходно Анголците имаа и 17 позитива (46:29).

Триото Мораиш (16 поени, 4/4 за три), Сипријано (14 поени) и Мингаш (12 поени) ја предводеа Ангола, во првиот дел кај Македонија се истакнаа Бо Мекејлеб (12 поени и 4 асистенции) и Перо Антиќ (10 поени).

По исто сценарио се одигра и третиот период, Македонија играше анемично во одбраната, а нападот се сведуваше најмногу на индивидуални обиди, па Ангола без проблем ги сочува 13-те поени предност од полувремето.

Последната четвртина донесе нешто подобра игра на Македонија, во последните две минути се влезе со четиро поени предност за Ангола, но избраниците на Лазовски немаа сили за целосен пресврт. Во пенал завршницата Ангола стигна до победата.

Бо Мекејлеб со 21 поен и Перо Антиќ со 17 поени беа најефикасни во македонскиот тим, каде уште Илиевски, Самарџиски и Војдан Стојановски постигнаа по 12 поени.

Кај Ангола се издвои четворката Мингаш (24 поени), Сипријано (23 поени), Мораиш (18 поени) и Гомеш (13 поени и 11 скокови).

Македонската репрезентација во вторник ќе го одигра вториот натпревар во групата,  противник ќе биде Нов Зеланд, мечот ќе започне во 20 часот.

макфакс

БГ