1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Англичаните најмногу потрошиле на фудбалски трансфери

фудбалските клубови ширум светот во текот на минатата сезона потрошиле милијарди долари за трансфери на играчи. Рекордери се клубовите во англиската Премиер лига.

Англиските фудбалски клубови минатата година потрошиле најмногу пари на трансфери на играчи, покажува годишниот извештај на ФИФА. Како што стои во извештајот на трансфери на фудбалери во 2013 година, биле потрошени 3,7 милијарди долари. Од оваа сума 828 милиони долари отпаѓа на трансферите кои ги направиле Монако, ПСЖ, Манчестер Сити и Реал Мадрид.

Фудбалските клубови од Англија на трансфери потрошиле 913 милиони долари, што во однос на претходната година преставува пораст од 51 отсто. Изненадувачки и покрај финансиските проблеми, зад англиските следуваат италијанските клубови, кои на трансфери потрошиле 475 милиони долари, што е за 120 отсто повеќе од претходната година.

Најмногу пари од продажба на фудбалери заработиле фудбалските клубови од Шпанија, кои инкасирале 565 милиони долари. Зад шпанските следуваат клубовите од Италија, Бразил, Португалија и Англија. Фудбалските клубови од Шпанија заработиле 246 милиони долари повеќе отколку што потрошиле на трансфери.

Според ФИФА, потрошувачката во Англија се зголемила откако Премиер лигата потпиша нов тригодишен договор за телевизиските права, кој започна од сезоната 2013/2014. ФИФА тврди дека 82 отсто од потрошените пари доаѓаат од двете земји: Англија, Италија, Франција, Шпанија, Германија, Русија, Украина, Турција и Португалија. Петнаесет отсто од тој износ дошол од 14 држави, додека преостанатите три отсто од 116 земји.

На пазарот на фудбалери, највлијателна земја е Бразил, откаде биле купени или продадени 1.588 фудбалери, што преставува 13 отсто од сите реализирани трансфери.