1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Англиканската црква не сака жени бискупи

Разочарувањето кај надбискупот од Кантербери и многумина други членови на англиканската црква во Англија е големо - токму претставниците кои не се свештени лица ја спречија можноста жените да бидат бискупи.

default

eneralsynode

Синодот на Англиканската црква, со тесно мнозинство, го отфрли предлогот за именување на жени за бискупи. Планот жените свештеници да може да бидат именувани и како бискупи, предизвика спротивставени мислења во црквата, која беше на работ да се подели, но предлогот зад кој застанаа 42 од вкупно 44 дијацези, сепак, беше ставен на гласање.

За новото решение, гласаа бискупите и свештенството, како и световните претставници, но при  гласањето во Синдот на Англиканската црква, тоа не успеа да го добие потребното, двотретинско мнозинство. Актуелниот надбискуп од Кантербери Роуан Вилијамс, кој пред крајот од оваа година се повлекува од функцијата и неговиот наследник, Џастин Вилби кој е избран за нов надбискуп на Англиканската црква, го поддржуваа новото решение.

Justin Welby

Џастин Вилби

„Чувствувам голема, лична тага и разочараност по неуспешното гласање“, изјави Вилијамс, посакувајќи му на неговиот наследник да го разреши проблемот што сега се создава. Новоизбраниот надбискуп Вилби изјави дека негативното гласање во Синодот е „тажен момент“ за Англиканската црква.

Активистите на кампањата која се против жените свештеници да бидат именувани и за бискупи, меѓутоа, изразија големо задоволство од „победата во Синодот“. Тие не се сметаат себе си за „конзервативци“, туку за „реформатори“ на Црквата и тврдат дека резултатот од гласањето е „многу добра вест“, бидејќи ќе помогне за зачувувањето на единството на црквата.

Жени свештеници, првпат се именувани со решение на Синодот на црквата во 1992 година. Една третина од сегашното свештенство во Англиканската црква сега се жени, но сите тие се именуваат на пониските фукции и должности.