1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ангкор Ват: најголем храмски комплекс на светот во Камбоџа

Среде џунглата на Камбоџа, потполно обраснат и очигледно заборавен уште од почетокот на 20 век, се наоѓа стариот главен град на Кмерите.

default

Тој е последен материјален сведок на една многу напредна цивилизација проткаена со бројни легенди, која била создадена пред околу 1000 години, а пропаднала пред околу 500. Зад неа остана меѓу другото и најголемата религиозна градба на светот – храмскиот комплекс Ангкор Ват, чие натамошно пропаѓање се обидуваат да го спречат експерти од Келн.

Повеќе од 100-тина раскошно украсени храмови со безбројни фигури и други украси беа создадени под владеењето на старите Кмери на околу 240 км северно од сегашниот главен град Пном Пен. Експертите го нарекуваат стариот главен град како Мексико сити на 12 век. Ова средновековно ремек дело беше откриено сосема случајно пред 140 години и до ден денес се смета за недостижно ремек дело на архитектурата.

Ангкор беше своевремено главен град на Царството а Кмерите, што се протегаше од Виетнам на југо-истокот, преку Камбоџа, Лаос и Тајланд па се до Бурма. Секој од владетелите се сметаше за Крал-Господ и создаваше по еден храм. Во 1992-та година овие градби создадени од 9 до 14 век влегоа во списокот на светското културно богатство на УНЕСКО. Најраскошниот и најпознат храм Ангкор Ват од 12 век, претставува најголема религиозна градба во светот, смета Ханс Лајзен, професор на Универзитетот во Келн.

“Храмот е полн со скулптури од подножјето, па се до врвот. Кмерите имале посебна техника на градење и носеле камења од рудниците оддалечени 50-тина км. Целта била да изградат копија на ридот Неру, кој има централна улога во хиндуистичката митологија и кој е опколен со планински масив и пра-море. Тие про го зодале ваквиот рид, а потоа почнале да го украсуваат. Значи, ова е повеќе една огромна скулптура.“

Тропската клима меѓутоа со векови веќе го разјадува каменот од кој се создадени скулптурите и другите украси и повеќе држави испратија свои тимови за реставрација во деведесетите години. Но, тие како доаѓаа, така и си заминуваа. Само германскиот тим е постојано на теренот од 1997-та и се обидува да ги спаси од пропаѓање на пример прекрасните рељефи со божици кои танцуваат.

“Четкици за заби, најмали чеканчиња и мали лопатки – тоа се нашите алатки, Тоа е затоа што овде имаме работа со еден посебен феномен, имено загрозен е компактниот слој што ги носи фигурите на околу 5 сантиметри во длабочина. Значи не пропаѓа надворешниот слој, како што е најчесто вообичаено, туку во длабочината“ - појаснува професорот Лајзен. Тој се надева дека од до година ќе најде спонзори за обемната реставрација, бидејќи финансиската конструкција на германското Министерство за надворешни работи престанува по цели 7 години.