1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Ангела Меркел како стрип јунак

Германската канцеларка Ангела Меркел секогаш е во фокусот на вниманието на медиумите. Но сега нејзината медиумска изложеност добива нова форма. Таа имено е главен јунак на новоиздадениот стрип наречен „Мис Џрмани“

default

Авторот на стрипот, карикатуристoт Хајко Сакураи, кој заедно со новинарката Мирјам Холштајн стои зад трансформацијата на германската канцеларка во стрип-јунак вели: „Кај Ангела Меркел најважни ми се очите“.

Сакураи ја нацрта Ангела Меркел на победнички престол со израз на демонстративна скромност и нескриен триумф. Очите и се подзатворени, пристите кренати во знакот за победа. „Мис Џрмани“ носи круна, има црвено-црно-златно германско знаме околу вратот. На дното на сликата нацртани се оние кои се нарекуваат „политички пријатели“.

„Многу е тешко да се прочита. Делумно е надмоќна - се гледа дека жената размислува, и не сака да и` гледаат во карти. И според мене тоа е она што ја прави Ангела Меркел она што е“ вели карикатуристот.

Надеж дека Меркел ќе го прочита стрипот

Цела година тимот автори истражуваше, пишуваше,

Deutschland Bundestag Angela Merkel, 02.07.2009

црташе. За Хајко Сакураи, кој никогаш не ја запознал канцеларката во живо, во меѓувреме му стана како стара познаничка.

„Мојата работа на карикатурист добро ми дојде, бидејќи со канцеларката и онака се занимавам од ден во ден. Значи нејзиниот лик веќе го имав за стрипот. Меѓутоа морав да ја нацртам и како дете, како млада дама и во време кога не ја познавав, на крајот на Германската Демократска Република, или, пак, политичкиот поредок со Хелмут Кол. Тоа беше интересно. Забележав дека постојат некои константи во нејзиното лице“, објаснува Сакураи.

Стрипот од 64 страници ја раскажува зачудувачката биографија на физичарката од источна Германија, која за кусо време стигна до врвот на власта. Тој е патување низ најновата историја на Германија, но пред се`, приказна за Ангела Меркел. Останува уште прашањето дали канцеларката ќе го прочита стрипот. Сакураи вели:„ Не знаеме дали ќе и` се допадне. Веројатно некои работи да а некои не“

Конечно, и на канцеларката и е потребна лектира за годишниот одмор.


Автор: Корнелија Рабиц/ Симе Недевски

Редактор: Горан Чутановски