1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Ангела Меркел за излез од „уставната“ блокада и за нова ера во ЕУ

Германскиот канцелар претпладнево во Бундестагот ја даде првата владина изјава за европската политика

Меркел: говорот во Бундестагот

Меркел: говорот во Бундестагот

Уставниот договор е неопходен и од решавачко значење за способноста на Унијата ефикасно да дејствува, рече Меркел. Како чекор назад таа го оцени отфрлањето на Уставот од страна на населението на референдумите во Франција и Холандија. Канцеларот сака да го искористи германското претседателствување со Унијата во првата половина на 2007-ма година за барање излез од кризата.

„Најдлабоко сум уверена дека мораме критички да го преиспитаме проектот Европа. Во фокусот мораме да го ставиме граѓанинот и да одговориме на неговите прашања: што значи тој за моето работно место, за мојата благосотојба, за мојата социјална сигурност, при болест или на старост? Ги прави ли Европа работите поедноставни, подобри, или е кочница, пречка? Ние не смееме да бегаме од овие прашања, туку мораме многу конкретно да одговориме на нив. Мислам дека станува збор – ни помалку, ниту повеќе, туку дека кон историското образложение на ЕУ треба да додадеме и едно ново образложение“ – рече Меркел.

Таа се изјасни за натамошно обединување во рамките на Унијата по прашањата за внатрешната безбедност. Меркел повика и на масивно намалување на бирократијата и во Германија, како и во Унијата, и оцени дека за доброто на економијата би можела да биде укината една четвртина од бирократските правила.

Германија сака да го преземе својот дел од одговорноста и во безбедносната политика, таа е барана како партнер и не може да побегне од предизвиците, рече канцеларот и го бранеше планираниот ангажман на околу 500 германски војници во Конго за обезбедување на тамошните избори.

По излагањето на канцеларот уследи дебата.