1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Ангела Меркел во ненадејна посета на Авганистан

*

Германската канцеларка Ангела Меркел за време на својата ненадејна посета на Авганистан се информираше за безбедносната ситуација и за обновата во земјата. Таа претстојуваше во главниот штаб на меѓународните заштитни трупи ИСАФ а се сретна и со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи. Притоа Меркел му вети на Карзаи дека ќе се заложи за засилен германски ангажман при обуката на авганистанската полиција.Патувањето на канцеларката поради безбедносни причини инаку беше држено во тајност до последен момент . Таа треба да го посети и главниот штаб на германскиот контингент во меѓународните сили ИСАФ во Мазар и Шариф.