1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Анан: Целиот регион ќе експлодира

Дела наместо зборови - мировниот план на специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Кофи Анан, е пред неуспех. Тој бара санкции против режимот во Дамаск.

Специјалниот пратеник на ОН Кофи Анан од Советот за безбедност на Светската организација побара вршeње поголем притисок врз Сирија. Кризата во земјата наскоро ќе излезе од контрола, затоа мора да постојат консеквенци за непримената на мировниот план, смета Анан.

Syrien UN Generalversammlung

Генералниот секретар на ОН предупредува за граѓанска војна во Сирија

Граѓанска војна во Сирија не би била ограничена само на земјата.

„Сирија не е Либија. Нема да има внатрешен потрес, туку вистинска експлозија која ќе го потресе целиот регион“, изјави Анан. Притоа, клучот е во Дамаск.

„Прашањето е едноставно - како да ја натераме сириската влада да го почитува мировниот план“, истакна Анан.

Западните дипломати настапот на Анан го толкуваат како барање за поврзување на мировниот план од шест точки со закана со санкции. И генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун предупреди од граѓанска војна во Сирија. Опасноста е акутна и реална, истакна тој.

Вчера (07.06) во светот беше предизвикан општ револт со информациите на опозицијата за извршениот нов масакр со најмалку 78 убиени луѓе, што Бан го нарече „неописливо варварство“. Кина и Русија во ОН и натаму одбиваат заострување на санкциите или воена интервенција против Сирија.

Убиствата во Сирија се рамни на воени злосторства

Масовните убиства во Сирија се знак на големи системски напади врз цивили, што според меѓународните закони е еквивалентно на воени злосторства и злосторства против човештвото, изјави Високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Нави Пилај.

Syrien Massaker Hula nachgestellt von Studenten

Антивладин протест на сириски студенти против масакрот во Хула

Преку заменикот Иван Симоновиќ, Пилај изјави пред Генералното собрание на ОН дека масовните убиства во Сирија имаат правни последици и треба да се формира комисија за воени злосторства што ќе ги истражува.

Симоновиќ како пример ги наведе убиствата во Хула на 25-ти мај, при што загинаа 108 лица, меѓу кои 49 деца во артилериски и тенковски напад од владините сили врз населено место.

„Голем број од жртвите се егзекутирани без суд и пресуда во нивните домови. Според сведоци провладината полиција Шаби ги извршила убиствата“, изјави Симоновиќ нагласувајќи дека предложил на Советот за безбедност на ОН да ја изнесе Сирија пред Меѓународниот кривичен суд.