Анан повторно ги осуди САД | Свет | DW | 12.12.2006
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Анан повторно ги осуди САД

Генералниот секретар на Обедиентите нации на заминување Кофи Анан, апелираше до Соедиентите Американски Држави да се откажат од самостоен настап во меѓународните односи, и да ги почитуваат човековите права и во борбата против тероризмот.

Кофи Анан го заостри речникот на крајот од мандатот

Кофи Анан го заостри речникот на крајот од мандатот

Во говорот во Музејот на претседателот Труман во сојузната држава Мисури тој повторно остро и префрли на американската влада за почнувањето на војната во Ирак против волјата на меѓународната заедница.

Во говорот Анан подвлече дека САД во историјата секогаш биле предводници на светското движење за човекови права. Меѓутоа, таа водечка позиција може да биде оправдана само ако Америка им остане верна на своите пирнципи и во борбата против тероризмот. Притоа тој ги цитираше зборовите на поранешниот американски претседател Хари Труман:

„Ако треба да ги сочуваме нашите инспиративни идеали, а притоа да употребиме сила за да обезбедиме правда, тогаш им нанесуваме неправда на се уште неродените генерации„. Анан од своја страна дополни:

„Верувам дека сме одговорни не само пред нашите совремници, туку и пред идните генерации, одговорност да ги сочуваме ресурсите што им припаѓаат ним како и нам, без кои никој од нас нема да преживее„.

Анан побара од американската влада повеќе да се ангажира за Обединетите нации повторно цитирајќи го претседателот Труман: „Одговорноста на големите држаи е во тоа да им служат на луѓето во светот, а не да ги доминираат„.