1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Анан ги продолжува разговорите во Техеран

Генералниот секретар на ОН Кофи Анан денеска се среќава со иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.

Тешка задача во „куферот„: Анан на турнеја по земјите од Блискиот исток

Тешка задача во „куферот„: Анан на турнеја по земјите од Блискиот исток

Од него, како и на средбата подоцна со врховниот духовен лидер на земјата Али Каменеи, Анан ќе бара соработка како по прашањето на спорот околу иранската атомска програма, така и за стабилизирањето на примирјето во Јужен Либан. Иран се смета заедно со Сирија за главен поддржувач на Хеаболах милицијата.

Кофи Анан вчера имаше одвоени средби со шефот на иранската дипломатија Манушер Мотаки, со главниот преговарач во атомскиот спор Али Лариџани и со поранешниот претседател на Парламентот Акбар Хашеми Рафсанџани. Првиот ирански дипломат Мотаки ветил соработка со меѓународните сили во Јужен Либан. За да се обезбеди примирјето Хезболах милицијата во идинина нема да добива повеќе оружје од Иран.

Што се однесува до атомскиот спор Мотаки изрази готовност на натамошни преговори, но без предуслови. Советот за безбедност на ОН имено му постави на Иран ултиматум до крајот на август да се откаже од згобатувањето ураинум. САД вршат притисок за воведување санкции, додека Кина и Русија како членки со право на вето, не се сложуваат со тоа. Кофи Анан спроти доаѓањето во техеран порача дека не верува оти санкциите можат да бидат решение за сите проблеми во светот. Има моменти кога малку трпение може да постигне повеќе отколку притисокот, порача генералниот секретар на Светската организација.

ЕУ не се откажува од преговарачката опција во спорот и вчера му даде „зелено светло„ на координаторот на надворешната политика Хавиер Солана да се сретне со иранскиот главен преговарач Али Лариџани. Според Солана средбата ќе се случи веќе во текот на наредната недела. Германската канцеларка Ангела Меркел оцени дека меѓународната заедница мора да го зголеми притисокот врз Иран. „Сосема јасно велам дипломатскиот притисок. Воена опција не постои„ – нагласи Меркел во интервју за првата програма на германската ТВ.