1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Анан, Гејтс и Бан во конкуренција за Конфучие

Поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан, основачот на Мајкрософт Бил Гејтс и актуелниот прв човек на ОН Бан Ки Мун се меѓу номинираните за кинеската награда за мир Конфучие, соопштено е денеска во Пекинг.

Наградата е востановена во 2010-та година, кога Нобеловата награда за мир ја доби кинескиот дисидент Лију Сјаобо. Кандидатите за наградата Конфучие ги бираат професори и академици кои за себе тврдат дека се независни.

Минатата година добитник на наградата Конфучие беше актуелниот претседател на Русија Владимир Путин, а оваа година меѓу кандидатите е и премиерката на Тајланд Јинглук Шинаватра, кинескиот активист Ванг Дингуо, научникот Јуан Лонгпинг, универзитетскиот професор Танг Јијие и Панчен Лама, највисоко рангираниот Лама по Далај Лама.

Тој е втор по ранг духовен водач на Тибет, но мнозинството Тибеќанци не го признаваат, бидејќи на позицијата бил поставен од Пекинг.